СЗО чека одговор од Русија за смртта на лаборантката, сомнежите за белодробна чума остануваат непотврдени
Published Not supplied · Discovered 11 Oct, 12:01 UTC · Original language: mk · Version 2
Светската здравствена организација (СЗО) сè уште чека официјални информации од руските власти за дијагнозата на лаборантката од Сибир, чија смрт предизвика сомнежи за можна зараза со белодробна чума.
Од СЗО велат дека засега нема потврдена дијагноза и дека сè уште не располагаат со доволно информации за целосно да го проценат ризикот по јавното здравје.
Руските власти претходно соопштија дека по испитувањето на лицата кои биле во контакт со починатата вработена во Иркутскиот институт за истражување на чума не откриле знаци на заразна болест. Тие ги отфрлија како лажни медиумските информации за можна инфекција со опасниот патоген.
Според руските власти, жената починала од пневмонија, од која се разболела по контакт со луѓе надвор од лабораторијата. Тие наведоа и дека била вакцинирана и имала имунитет против опасните патогени со кои работела.
СЗО, сепак, вчера соопшти дека околу случајот и натаму има значителна нејаснотија и дека не е утврдена потврдена дијагноза.
Здравствената агенција на Обединетите нации со седиште во Женева најави дека ќе продолжи да ја следи ситуацијата и да ги проценува можните последици по јавното здравје како што ќе пристигнуваат нови информации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
По 50 години прв случај на беснило кај ракун во Лос Анџелес
Би можело да ве интересира и...
„Од кога е срамота да се печали од земјоделие?“: Сопругата на судијата Ристов реагираше по сведочењето на неговите родители за 350.000 евра
„Од кога е срамота да се печали од земјоделие???“, напиша Симона Зорик, сопруга на апелацискиот судија Ѓоко Ристов, на социјалните...
Мицкоски: Слободата не е завршена приказна, секоја генерација мора да ја продолжи
Премиерот Христијан Мицкоски, по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, порача дека празникот не треба да биде само...
Гаши: Слободата и достоинството се вредности што постојано треба да ги негуваме и браниме
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, упати честитка во која порача дека...
Левица од Прилеп положи цвеќе на Могилата на непобедените: „Смрт на фашизмот – слобода на народот“
Делегација на Левица, во состав пратеникот и член на Президиумот Сашко Јанчев и прилепските советници Жарко Стевановски и Катерина Пузеска,...
СЗО чека одговор од Русија за смртта на лаборантката, сомнежите за белодробна чума остануваат непотврдени
Светската здравствена организација (СЗО) сè уште чека официјални информации од руските власти за дијагнозата на лаборантката од Сибир, чија смрт...
ВМРО-ДПМНЕ: Идеалите на борците од 11 Октомври да бидат водилка за денешните генерации
ВМРО-ДПМНЕ упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, оддавајќи им почит на борците од Народноослободителната борба...
СДСМ: Македонија не е каса за провизии, иднината е во Европа, правда и слобода
Антифашизмот не е само споменик, туку обврска за слобода, правда и достоинствен живот, порача опозициската СДСМ по повод 11 Октомври...
Сиљановска-Давкова по повод 11 Октомври: Имаме обврска да градиме демократска, правна и просперитетна држава
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, порача дека жртвата на востаниците и партизаните е...
Од утре под лупа на „Безбеден град“ и возачите во Охрид, Струга, Кичево и Дебар
Системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ од утре, 12 октомври, ќе почне да функционира и во Охрид, Струга, Кичево и...
Full text reproduced from makfax.com.mk (publisher page, rights-checked under syndication).
View original at makfax.com.mkAbout this report
Original title: СЗО чека одговор од Русија за смртта на лаборантката, сомнежите за белодробна чума остануваат непотврдени